Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август. Наместо 15, биле поскапени за 40%, а во нив не биле вкалкулирани државните субвенции.
Бислимоски кажа дека граѓаните во Скопје ќе добијат нови сметки.
„Во овие сметки не е вкаклуриана субвенцијата од Владата. Затоа има значително зголемени сметки. Бараме БЕГ да ги сторнира сите сметки и да се изготват нови сметки каде ќе биде вкалкулирана субвенцијата која ја добиваат граѓаните од страна на Владата. Средства се обезбедени. Има одредена одлука која е донесена. Потрошувачите на топлинска енергија ќе ги добијат субвенциите. Сметките кои ги изготвил БЕГ и се испраќани на 31 авугст, а август не беше завршен, ќе бидат сторнирани“, рече денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Според него можно е да е дојдено до одреден административен пропуст.
„Сметките кои ги изготвеил и ги испратил БЕГ на 30 и 31 август, ќе бидат сторнирани и да испрати нови со вкалкулирана субенција и ќе нема никаков проблем сево ова да се изведе“, наведе тој