Регулаторната комисија денеска ќе одлучува за цените на нафтените деривати.
Согласно последната одлука на РКЕ, цените на бензините се намалија за половина денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.
Ова се актуелните цени на горивата:
-Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 41,236 (денари/килограм)