Хрватскиот Сабор денеска со мнозинство гласови изгласа двајца нови министри и вицепремиерка.

Станува збор за министерот за економија и развој Давор Филиповиќ, министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика Марин Пилетиќ и вицепремиерката задолжена за социјални дејности и човекови права Ања Шимпрага.

Веднаш по гласањето новите министри и вицепремиерката положија заклетва.

Опозицијата пред гласањето оцени дека не се работи за реконструкција, туку за поткопување на државата и демократијата, за декриминализација на Владата, за козметика и за одржување на „трговската коалиција“