Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и за реконструкцијата на Владата.

-Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика за идната структура, рече Мицкоски по отворање на новиот базен „Карпош“.

Во врска со тоа какви други промени ќе има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен процес и дека во моментот се посветени на внатрепартиските реорганизации и преструктуирања.

-Планираме тие активности да ги завршиме до средината на јуни, а потоа, во втората половина на месецот, да седнеме со коалициските партнери и да разговараме за следните чекори, додаде Мицкоски.