Вчера рекорден број на повици

Системот за итни повици E-112 забележа рекорден број на повици на 9 јули 2025 година (среда), со вкупно 4.199 евидентирани повици во еден ден. Ова е највисок број регистриран досега, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како оди распределбата?

Од вкупниот број повици, 711 биле испратени за услуга, што значи дека институциите биле директно активирани за интервенција. Распределбата на овие повици е следнава:

  • Противпожарна служба: 297 повици (41,77%)
  • Полиција: 286 повици (40,23%)
  • Итна медицинска помош: 72 повици (10,13%)
  • ЦУК: 54 повици (7,59%)
  • АМСМ: 2 повика (0,28%)