Историски подем во туризмот
Во април годинава, туризмот во Македонија забележа значителен скок – земјава ја посетиле вкупно 96.943 туристи, од кои 78,6 отсто биле странски, додека 21,4 отсто домашни гости. Овие бројки претставуваат еден од највисоките априлски резултати во последниве години. Ова ја потврдува повторно зголемената атрактивност на земјава за странските патници.
Според податоците, туристите во овој месец оствариле вкупно 171.886 ноќевања, од кои 73,5 отсто биле на странските, а само 26,5 отсто на домашните посетители.
Прочитајте повеќе од веста во продолжение:
Расте бројот на странски туристи во Македонија
Странските туристи во нагорна линија
Од јануари до април, вкупниот број на туристи е зголемен за 13,4 отсто во споредба со истиот период минатата година. Иако бројот на домашни туристи бележи пад од 4,2 отсто, кај странските е регистриран раст од дури 21,6 отсто. Идентична е ситуацијата и со ноќевањата – домашните туристи престојувале 4,7 отсто помалку, а странските доживеале раст од 19,8 отсто.
Турците повторно најбројни туристи
Државата има рекорден број странски туристи. На врвот на листата со странски туристи во април се наоѓа Турција со 21.124 посетители, што претставува значителен удел во вкупниот број. Понатаму следуваат Германија со 11.097, Србија со 4.905, како и Франција со 4.881 туристи.
Извор: СкопјеИнфо