Во првата половина од 2025 година, Русија трошела 1.6 милијарди долари секој ден за војната во Украина, достигнувајќи 300 милијарди

Во првата половина од 2025 година, Русија трошела 1.6 милијарди долари дневно за војната во Украина. Тоа претставува рекордни 300 милијарди долари воени расходи, според пресметки засновани на податоци од Министерството за финансии. Анализата е направена од Јанис Клуге, истражувач во Германскиот институт за меѓународни безбедносни студии.

Според него, ова значи дека рускиот буџет месечно одвојувал околу 50 милијарди долари. Сума што ги надминува годишните буџети на посиромашните региони во земјата.

Расходите за армијата и производството на оружје се зголемени за 31% во однос на истиот период во 2024 година. За 95% во споредба со јануари-јуни 2023 година и се тројно повисоки во споредба со првата година од војната, наведува Клуге.

Тој нагласува дека речиси две третини, односно 62% од воениот буџет, се класифицирани. Тајните ставки пораснале за 41% само оваа година и се речиси четири пати поголеми во однос на првите шест месеци од 2022 година.

Вклучувајќи ја и ставката „национална безбедност“, која опфаќа средства за Министерството за внатрешни работи. Руската национална гарда, Истражниот комитет и специјалните служби, безбедносните сили добиле околу 40% од државните расходи или 8% од БДП, но вистинската бројка е веројатно и повисока, изјавил за Ројтерс владин извор.

И покрај можните мировни преговори, Кремљ не планира значително намалување на трошоците за одбрана во 2026 година. „Сè уште ќе треба да се произведуваат гранати и беспилотни летала, иако во помал обем. Конфронтацијата ќе продолжи, а трошоците ќе останат високи бидејќи и Западот ги зголемува“, рекол истиот извор.

Според него, намалување на воените расходи може да се очекува дури од 2027 година, но не и враќање на нивото пред 2022 година.