Најголем раст во акцизата и рекордни приходи забележан во август
Наплатата на приходи бележи рекордни приходи во август, со зголемување од 14,5 милиони евра во споредба со истиот месец лани, што претставува раст од 8,9 проценти на месечно ниво.
Најголем раст, од 19,5 проценти, е забележан кај наплатата на акциза, со што приходите по овој основ во август достигнаа 3,78 милијарди денари. Наплатата на приходи од царина бележи пораст од 7,9 проценти, додека данокот на моторни возила се зголеми за 7,3 проценти.
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, потенцира:
„Претходниот месец наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, овој месец за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата.“
Кумулативни приходи од почетокот на годината
Од почетокот на 2025 година, Царинската управа наплати 86 милијарди денари, односно 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од истиот период лани. Овие податоци ја потврдуваат ефикасноста на системот и позитивното влијание врз државниот буџет.