Јапонските метеоролози за Kyodo News најавија дека силните снежни врнежи ќе продолжат на брегот на Јапонско Море до вторник, односно снегот ќе продолжи да врне на подрачјето од северот кон запад.
Обилните снежни врнежи доведоа до сообраќаен метеж, несреќи, доцнења и одложување на летови и возења. Градовите на западот на Јапонија забележаа рекордни висини на снежна покривка, така на подрачјето на Хикона во провинцијата Шиго паднаа 68 сантиметри снег, а во провинцијата Хјого 71 сантиметар.
Главните патишта се затворени за сообраќај.
Во текот на снежните врнежи повредени се 10 луѓе. Жителите на Јапонија се предупредени на можни молњи и силни ветришта поради изразито нестабилните атмосферски услови.