– Со рекордно ниската излезност на вчерашните избори во Грција, најниска во изминатите најмалку 20 години во комбинација со влезот во Парламентот на нови политички сили, речиси сите партии загубија гласови во споредба со изборите на 21 мај годинава, доколку се анализираат официјалните изборни резултати, јави дописничката на МИА од Атина.
Вчера, излезноста беше 52,82 отсто, што значи дека речиси половина од граѓаните со право на глас, одбрале да не гласаат.
Доколку се анализираат резултатите и податоците од минатите изборни процеси, од 2004 година до вчера, се забележува тренд на опаѓање на учеството на изборите.
Пред 19 години излезноста беше 76,5 проценти, за на следните осум изборни процеси постепено да се намалува и да падне под 60 отсто, а на мајските избори годинава се зголеми на 61,1 отсто и сега повторно се намали за речиси десет проценти.
Во споредба со мај, вчера гласале речиси 800. 000 помалку граѓани со право на глас.
Малата излезност резултираше шест од осум партии што обезбедија место во Парламентот да загубат гласови споредбено со минатиот месец. Нова демократија загуби речиси 300.
000 гласови, СИРИЗА нешто повеќе од 250. 000, а ПАСОК околу 60. 000. Од друга страна, радикалната десничарска и националистичка партија Спартанци, непозната во Грција, освои над 240.
000 од гласовите, а во подобра позиција е и Победа, исто така десничарска партија, која доби 192. 000 од гласовите.