Фудбалската репрезентација на Косово одигра 0:0 на домашен терен во Приштина против селекцијата на Израел, во натпревар од петтото коло во рамките на Лигата на нации. На стадионот во Приштина мрежите останаа недопрени во текот на сите деведесет минути, а домашниот состав од 66. минута мораше да игра со фудбалер помалку на теренот откако Велдин Хоџа заработи директен црвен картон.

Фудбалерите на Косово создадоа неколку сериозни прилики за постигнување погодок во текот на првото полувреме. Во офанзивната линија на домашниот тим најактивен беше Едон Жегрова, кој во три наврати сериозно се закани кон противничкиот голман, а солиден обид кон голот на гостите забележа и Милот Рашица. Сепак, резултатот не претрпе промена ниту по исклучувањето на Хоџа во вториот дел од средбата, по што двата национални тима мораа да се задоволат со освојување на по еден бод.

По овој натпревар, репрезентацијата на Косово со вкупно шест освоени бода останува на втората позиција на табелата во групата. Лидерското место и понатаму ѝ припаѓа на селекцијата на Австрија, која има осум бода и еден одигран натпревар помалку.