Доктор Владимир Рендевски од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека сме далеку од подобрување на здравствениот систем и смета дека ни треба здравствена национална стратегија за подобро здравство.

– Колективниот договор во здравството е готов. Бил срочен пред три дена пред функционерските промени во овој ресор. Се чека само потпис. Сметам дека ние треба наместо за некои партиски тези, како здравствени работници кои не се во ниту една политичка партија, конечно да иградиме здравствена национална стратегија. Времето на промена на министри и влади води кон тоа еден започнат проект да не се заврши и се да почне од нула со нов министер. Суштината на нашите пробеми е во финансирањето на Фондот за здравство. Наместо анкети, треба пациентите да се прашат дали се задоволни од матичните лекари? Суштината на одливот на медицинскиот кадар е што новите болници не лекуваат, губиме лекари преку заминување и пензионирање. Во малите градови ситуацијата е алармантна. – вели Рендевски.

Доктор Владимир Рендевски од СДСМ кој неодамна даде оставка од функцијата заменик министер за здравство изјави дека по една година на функцијата, решил да се повлече ќе поради тоа што било многу тешко да се испорачаат резултати.