Во тек е една од најбитните собраниски седници за Македонија – онаа на која пратениците расправаат за Предлогот за промена на Устав. Но, за пратениците на СДСМ очигледно е само уште еден ден кога ќе земат дневница за неработење ништо.

На фотографијата е пратеникот Драгољуб Филиповски од СДСМ, кој додека обраќање има неговиот претседател на партија и премиер, Димитар Ковачевски, игра игрици на мобилен.

Ова не е првпат пратениците на СДСМ да бидат фатени во слична позиција. Еден од нив беше и пратеникот и портпарол на партијата Дарко Каевски, кој за разлика од постариот колега, кој „се опушта“ со табла, играше тетрис.