Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом, објави синоќа „Гардијан“.
Таа партија конечно го освои своето клучно 218. место во Долниот дом на Конгресот, со што ја презема контролата врз демократите, подготвувајќи терен за „пресметка“ со Џо Бајден во следните две години од неговото претседателствување.
Како што е наведено, овој резултат значи дека демократката Ненси Пелоси како претседателка на Претставничкиот дом најверојатно ќе му ја предаде „власта“ на републиканецот Кевин Мекарти, кој изјави дека има намера да ја преземе функцијата.
Контролата на Претставничкиот дом е клучна затоа што ќе им овозможи на републиканците да започнат серија конгресни истраги, од неуспешното повлекување на Бајден од Авганистан до поочигледно политизирани истраги за дејствијата на владата за време на пандемијата на коронавирус и деловните активности на синот на Бајден, Хантер.