Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1,2 %.
Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13,5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0,7 %, Алкохолни пијалаци за 0,1 %, Безалкохолни пијалаци за 0,9 % и Ноќевања за 3,7 %.