По објавите во медиумите, десетици клиенти на НЛБ Банка Скопје јавно изразија незадоволство од работата на банката и најавеното наплаќање на услуги кои беа бесплатни. Револтот на клиентите кулминираше со најави за масовно затворање на сметки.

На социјалните мрежи, граѓаните остро ја критикуваат финансиската политика на НЛБ. Меѓу нив, Иван П. напиша:

„NLB Banka Skopje NLB – Nova Ljubljanska banka, дали вие воопшто ја гледате реакцијата на граѓаните за вашите катастрофални услуги?“, прашува Иван П. на социјалните мрежи. Тој додава: „Јас сум еден од тие што избега од вашата банка поради манипулации. Едно кажувате на шалтер додека не се земе некоја услуга од кај вас, а потоа излегува сосема различно и наплатата е далеку поголема. Бидете спремни за наредниот период кога многу ваши корисници ќе се префрлат во другите банки, во тоа бидете сигурни.“

Незадоволството го споделија и други корисници на банката.

Б.М.К напиша: „Срамота! Наместо услуги, само гледате како да го украдете народот. Ќе изгубите многу клиенти.“

М.С. од Скопје повика: „Сите масовно да ги затвориме сметките во НЛБ Банка Скопје!“

И.И. додаде: „Сите ќе се префрлиме во други банки.“

Д.Н., пак, напиша кратко: „Затварам сметка.“

Револтот на клиентите доаѓа во период кога НЛБ Тутунска банка пријави рекорден профит. Лани, банката оствари чиста добивка од речиси 54 милиони евра.

Се поставува прашањето што точно ги изиритира клиентите на банката и дали најавите за масовно затворање сметки ќе прераснат во реалност.

Извор: EXPRES