Русија спроведува државен тероризам во Украина и ќе продолжи да напаѓа други земји, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников во Лондон.

Зборувајќи со британскиот министер за одбрана Бен Валас за време на посетата на Лондон, Резников кажа дека од почетокот на руската воена операција загинале 150 украински деца, уништени се повеќе од 400 училишта и градинки и повеќе од 110 болници, пренесоа британските медиуми.

-Ова е државен тероризам. Затоа Кремљ мора да се запре, бидејќи ќе оди понатаму. Тие ќе нападнат и други земји, рече Резников.

Според британските медиуми, украинскиот министер за одбрана не презентирал никаков доказ во прилог на неговото тврдење.