Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека во руските воени акции убиени се 38 и повредени над 70 деца, според најновите проценки на жртви и штети.

Во видео обраќање, Резников изјави дека има најмалку 400 цивилни жртви и 800 повредени, иако податоците се нецелосни.

Резников, изјави дека во руските напади се уништени повеќе од 200 украински училишта, 34 болници и 1.500 станбени згради.

Според неговите проценки, околу 10 илјади странски студенти, од Индија, Кина и Персискиот залив, се заробени во борбите.

Резников, тврди дека украинските сили убиле над 11 илјади руски војници.

-Руските освојувачи пукаат врз хуманитарните коридори низ кои се обидуваат да побегнат цивилите, изјави Резников, без да прецизира каде се случува тоа.