Казахстанската тенисерка Јелена Рибакина ѝ одзеде сè што можеше на Белорусинката Арина Сабаленка во завршницата на УС Опен, на кој се искачи на врвот на ВТА ранг-листата со пласман во полуфиналето, пред рано изутринава во финалето да ја победи бранителката на титулата со 2-1 во сетови (6-4, 5-7, 6-2) и да го освои својот прв трофеј на грен слем турнирот во Њујорк, последен во оваа сезона.
Финалето во Њујорк беше 18. меѓусебен дуел на двете тенисерки, а вкупно 15. на тврда подлога. Сабаленка имаше водство од 10-7 пред саботното финале, што секоја од двете тенисерки имаше победено седум од претходните 14 натпревари на тврда подлога.
Женското финале на УС Опен траеше два часа и 21 минута и финишираше со 12. ас на Рибакина која ја освои својата трета грен слем титула во кариерата, а прва во Њујорк што ѝ донесе и парична награда од 5,5 милиони долари.
Казахстанската тенисерка го освои Вимблдон во 2022 година, а претходно оваа година триумфираше и на Австралија Опен каде во финалето, исто така, ја победи Сабаленка.
Од друга страна, белоруската тенисерка остана на своите четири грен слем титули, две освоени во Мелбурн (2023 и 2024) и две во Њујорк (2024 и 2025).
