Во 2021 година се очекува делумно опоравување, со раст на БДП од 4 проценти, благодарение на враќањето на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата владина потрошувачка. Моментот на раст се очекува да продолжи во 2022 година, исто така со 4 проценти, врз основа на повторното враќањето на приватните инвестиции, вели во интервју за МИА Јурген Ригтеринк, прв потпретседател на ЕБОР.
Ризиците, како што вели, првично се поврзани со брзината на опоравување на надворешната побарувачка и способноста на Владата да ја реализира амбициозната инфраструктурна агенда, со оглед на стеснетиот фискален простор.
-Краткорочно, високото ниво на вакцинирани и постојаната поддршка на најзагрозените и најранливите во општеството и економијта, ќе помогнат да се избегнат најлошите последици од пандемијата. На среднорочен план, враќањето кон претпазливи фискални политики е важно, паралелно со одржување на високо ниво на јавни инвестиции, фокусирање кон натамошниот развој на транспортот и енергетска инфраструктура, како и натамошен зелен економски раст, вели Ригтеринг.
Тој во интервјуто зборува и за тоа каде треба да биде насочена поддршката од државата во наредниот период, одржливоста на Буџетот и состојбата со јавниот долг. Се осврнува и на активностите на ЕБОР и истакнува дека планираат да инвестираат во зелена транзиција, како најважен сектор кој има потреба од најитна поддршка.
Целото интервју на МИА