На британскиот крал Чарлс Трети му е дијагностициран облик на рак. Бакингемската палата денеска го потврди ова. Ова се случило на прегледите кои му биле направени пред 10 дена, кога бил примен на лекување на зголемена простата.

Не беа дадени детали, но извор од кралското семејство рече дека ракот не е поврзан со простатата.

Британскиот премиер Риши Сунак ги испрати своите најдобри желби до кралот. На социјалната платформа Х тој напиша: „Не се сомневам дека за кратко време ќе се врати на целосните обврски и знам дека целата земја ќе му посака најдобро“.

Чарлс (75) на крајот на јануари поминал три ноќи во болница откако бил подложен на корективна процедура за зголемена простата. Потоа беше откриен уште еден проблем кој предизвика загриженост. Палатата соопшти дека тестовите откриле форма на рак.

Дијагностициран рак кај кралот Чарлс Трети

Чарлс III беше крунисан минатиот мај, откако неговата мајка, кралицата Елизабета Втора почина во септември 2022 година на 96-годишна возраст.