Денес, општинското основно училиште „Св. Климент Охридски “ја доби првата сензорна соба во која од денес, специјалниот едукатор и рехабилитатор, образовните асистенти и стручната служба ќе обезбедуваат дополнителна поддршка за учениците со образовна попреченост.

Целосното вклучување на учениците со попреченост е цел на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој оваа сензорна соба ја реализира со поддршка на НЛБ Тутунска Банка – Скопје,финансиран од Европската Унија.

Сензорната соба во основното општинско училиште„Св. Климмент Охридски“ во кое се образуваат 460 ученици е од огромна важност за Општина Македонски Брод, но и Поречието, бидејќи е прва сензорна соба во оваа област на земјата.

-Како социјален работник пред се, а потоа како градоначалник на Општина Македонски Брод, задоволство ми е бидејќи ја ставаме во употреба првата сензорна соба во нашиот крај. Сензорните соби се неопходни во интервенирањето во раниот детски развој, бидејќи со нив се стимулираат учениците со попреченост во заштитена и контролирана средина.

Во ова училиште имаме 13 деца со атипичен развој и уверен сум дека со вакви директни вложувања во подобрување на образовните услови ќе го унапредиме воспитниот и образовниот развој за сите деца, а со тоа ќе создаваме инклузивна клима во општината во која децата ќе имаат еднакви моќности за раст и развој, изјави градоначалникот на Општина Македонски Брод г-дин Жарко Ристески.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има цел да им помогне на училиштата каде учат ученици со попреченост – стипендисти на Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност.