Согласно Програмата за развој на културата, спортот и образованието во Општина Македонски Брод за 2022 година, Општина Македонски Брод во текот на денешниот ден ја реализираше активноста “Доделување на еднократен паричен надоместок во висина од 5.000, 00 денари за помош на ученици кои ќе се запишат во прва година во СОУ” Св. Наум Охридски” во Македонски Брод за учебната 2021/2022 година, информираше преку Фејсбук објава градоначалникот Ристески.
Тој напиша дека Општина Македонски Брод ќе продолжи со реализација на оваа активност и за наредните учебна години.