Според обвинението, не пријавил имот вреден околу 350 илјади евра
Во Основниот кривичен суд денеска треба да продолжи судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој се товари за свесно прикривање на имотната состојба и за перење пари.
На претходното рочиште обвинителката Искра Хаџи-Василева посочи дека обвинетиот преземал дејствија спротивни на обврските што произлегуваат од неговата судиска функција.
Според обвинението, Ристов противправно стекнал и не пријавил имот во вредност од околу 450 просечни плати, односно приближно 350 илјади евра.
Обвинетиот на досегашниот тек од постапката се изјасни дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар.
