Министерот за спорт ја најави стратегијата на македонските ракометари за вечерешниот меч
Македонскиот министер за спорт, Борко Ристовски, истакна дека натпреварот против Романија вечерва е можност за репрезентацијата да го заокружи својот настап на Европското првенство со победа.
„Пред почетокот на Европското првенство сите посакувавме натпреварот против Романија за нас да биде цреша на тортата и со победа да го завршиме нашиот дел од работата, а потоа да чекаме од репрезентацијата на Данска“, изјави Ристовски, поранешен долгогодишен голман на националниот тим.
Мудро пристапување и постепена контрола на резултатот
Министерот посочи дека избраниците на селекторот Кирил Лазаров треба да пристапат внимателно и стратегиски.
„Не сум прогнозер и не можам да го прогнозирам конечниот исход. Најпрво да победиме а потоа да бркаме гол-разлика. Попаметно е да одиме по чекор, на полувреме да сме со позитива од три голови, за во второто полувреме да додаваме гас за на крајот да победиме со шест, седум или осум голови разлика“, додаде Ристовски.
