Основниот граѓански суд во Скопје, во април минатата година, ги усвои тужбите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за клевета.

Покрај добиената тужба поднесена против СДСМ, Мицкоски по судски пат за клевета и навреда го доби и Љупчо Ристовски од Интегра.

Судот утврдил дека тужениот Ристовски со цел да го наруши угледот на Мицкоски изнел невистини дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерството било против македонските национални интереси.

Љупчо Ристовски од ИНТЕГРА јавно му се извини на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку денешната објава во Нова Македонија.

Но, од СДСМ не покажаа доблест да се извинат и покај судската одлука, па партијата молчи.

Во судската пресуда за случајот против СДСМ, судот пресудил дека партијата на својата официјална страна, а пред пошироката јавност со намера да нанесе штета на честа и угледот на тужителот изнел невистини факти дека „Мицкоски му е вечен должник на Груевски. Тој мора да го штити и прави онака како што сака Груевски. Политиките на Мицкоски се политики на Никола Груевски.“