За жал, Перо е една од тие девијации кои му се случуваат на македонското општество и спортот, вели голманот на РК Вардар и долгогодишен македонски репрезентативец Борко Ристовски зборувајќи за Антиќ и нивната неодамнешна кавга. Ристовски во емисијата „Жешко столче“ даде одговор на многу интересни прашања, меѓу кои и зошто не е дел од ракометната репрезентација и во какви односи е со Антиќ и Кире Лазаров.