Ризикот од терористички активности во земјава останува низок, каков што е и подолг временски период наназад и покрај глобалните трендови на зголемување.

Ова денеска го изјави директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски прашан за состојбата во Македонија, а по повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

-Секогаш останува ризикот од индивидуални чинови на насилство, кои ние заедно со МВР и БЈБ во рамки на нашите надлежности и овластувања ги следиме во насока на тоа дека превенираме било какви активности кои може да доведат до нарушување на јавниот ред и мир и националната безбедност

Инаку, САД издаде предупредување со кое ги повикува на внимателност нивните државјани / туристи во Бугарија.

-Големите собири и јавните настани можат да претставуваат можност за терористички групи и криминалци. Терористите – вклучувајќи ги и самостојните актери – можат да нападнат со мало или без никакво предупредување, таргетирајќи туристички локации како што се пазари, транспортни центри, трговски центри“, се наведува во предуредувањето од американската амбасада во Бугарија.