Македонската спортска јавност денеска беше потресена од смртта на хрватскиот ракометар од редовите на Бутел, Денис Тот.

Од Тот се прости и неговиот актуелен клуб, Бутел Скопје.

-Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Денис Тот. Хрватскиот интернационалец кој имаше 27 години ја играше првата сезона во Бутел Скопје и беше голем професионалец на ракометниот терен и надвор од него. Го изразуваме нашето најдлабоко сочусвство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш!, стои во објавата на клубот.