Викторија Крстевска, родилката на починото новороденче во Битола со емотивен статус на Фејсбук реагира на односот кој го имаат во битолската болница. Конкретно, таа реагира што веќе 12 денови е пуштена дома се уште нема добиено отпусна листа.
Сеуште мојата историја ЈА НЕМА.Као технички си испишана, а документ од мене нема??? НИКАДЕ?
И нема мучканици? Или народски речено, “Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано”?Или ај бе ко ќе стигниме, сигурно плачи, пишти таја дома, не и е дојдено до ова.. А?-прашува Крстевска.
Министерот за здравство вчера изјави дека ја чека докторката која била вклучена во породувањето да се врати од пат за да се изготви извештај за случајот.