Дали жените си ги знаат своите права, колку се заштитени во семејствата, општеството, работните места, во брачните заедници, што се прави за намалување на нееднаквоста во однос на правата на жените во земјава, се дел од темите на кои ќе се дискутира на оваа панел дискусија.
Учеснички на панелот ќе бидат Драгана Стојчевска, режисерка, Весна Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените, Нора Калиќи -Ајо, Алмира Фазли – Иницијатива на жени Шуто Оризари, Николина Кениг – професорка на Филозофски факултет, Деканка на Правен факултет Весна Попоска , Рита Бехадини од Mollëkuqja ( Бубамара), Стојна Митева од Скај плус Струмица. Панелот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија