Борбата против корупцијата бара институции без влијание и со обезбедени ресурси

Борбата против корупцијата треба да остане водечка насока на Владата. Ова го истакна евроамбасадорот Михалис Рокас во интервју за телевизијата „Сител“. Тој посочи дека отворањето случаи е позитивен чекор.

„Од една страна, Владата изјавува дека борбата против корупцијата е нејзин приоритет број еден. Тоа е позитивно. Гледаме дека се отвораат случаи, се истражуваат и се работи на тој план“, изјави Рокас.

Тој потсети дека неодамнешната трагедија јасно покажала слабости во системот.

„На терен се случи оваа непоимлива трагедија која демонстрираше корупција и небрежност. Ќе видиме како ќе тече истрагата“, додаде тој.

Според него, клучен елемент за успех е независноста на институциите за правда. Тоа вклучува институции што работат без надворешен притисок и со доволно ресурси.

„За нас е значајно судството, обвинителството и советите да имаат средства и буџет за да работат без влијание. Верувам дека ова е сфатено и дека Владата работи на оваа цел“, рече Рокас.

 

 

 

Извор: Republika