Продолжувањето на рокот, како што посочи Министерството за култура, е со цел да им се обезбеди подолг временски период на апликантите што имаат потреба од тоа зашто електронското поднесување на пријавите за сите е ново искуство и целиот процес мора да биде беспрекорно изведен.

– Министерството за култура од годинава првпат воведе електронска апликација за конкурирање. Пред распишувањето на Годишните конкурси беа одржани обуки за корисниците во центрите за култура низ државава и во Скопје. Од почетокот на Конкурсот, за техничка поддршка се отворени двe телефонски линии на кои корисниците ги добиваат потребните информации, а консултации се вршат и преку електронската пошта по одделни дејности, се наведува во соопштението