Романските воздухопловни сили денеска објавија дека системот за воздушно набљудување на романските воздухопловни сили открил мала воздушна цел, со карактеристики слични на метеоролошки балон, на надморска височина од околу 11.000 метри во националниот воздушен простор, во југоисточниот дел на Романија.
Инцидентот се случил околу два часа пред денешниот земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер, кој ја потресе Романија.
Романските власти ги примениле сите стандардни процедури од моментот на откривање на објектот, а два авиони МиГ-21 ЛансР на романските воздухопловни сили од Борбената служба на воздухопловната полиција под команда на НАТО полетале од 86-та воздухопловна база Фетешти до областа каде што била пријавена целта.
Екипажите на двата авиони не го потврдиле присуството на воздушната цел, ниту визуелно, ниту на радарите. Авионите се задржале во реонот околу 30 минути, со цел целосно да се разјасни состојбата во воздушниот простор, по што се вратиле во базата.