Во главниот град Букурешт, во еден од градските паркови, денеска беа поставени два мобилни пункта, каде што доброволно се вакцинираат оние кои имаат желба за тоа.

Според порталот Хотњуз, вакцината им се дава на деца само со претходно потпишана согласност од родителите.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера ја одобри употребата на вакцината на Фајзер/БиоНТек за деца на возраст од 12 до 15 години, но засега нема официјална согласност од Европската комисија.