Ова е втора ваква жалба против Шапиќ поради изјава која беше протолкувана како префрлање на одговорноста на Ромите за нивната тешка социјална состојба во Србија.
На Меѓународниот ден против расизмот, граѓанското движење Опре Рома Србија најави поднесување кривична пријава против градоначалникот на Белград Александар Шапиќ поради дискриминаторски коментари. Ова е втора ваква жалба против Шапиќ за изјава која се толкува како префрлање на одговорноста на Ромите за нивната тешка социјална состојба во Србија. Шапиќ ги отфрла овие обвинувања, пренесува Aljazeera Balkans.