Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез наскоро ќе добијат близнаци, објави денеска португалскиот капитен, кој веќе е татко на четири деца.

– Среќни сме што можеме да објавиме дека чекаме близнаци. Нашите срца се полни со љубов – со нетрпение чекаме да ве запознаеме, напиша Роналдо на својот Инстаграм профил.

Неговиот највозрасен син, Кристијано Јуниор, го роди сурогат мајка во јуни 2010 година, а седум години подоцна португалскиот фудбалер на сличен начин стана татко на близнаците Ева и Матео.

Родена во ноември 2017 година, Алана Мартина е првото дете на Роналдо од неговата врска со Георгина Мартинез.

Португалската фудбалска ѕвезда во интервју за Франс фудбал истата година обелодени дека сака да биде татко на седум деца.