Од Манчестер јунајтед, засега, нема официјална потврда дека Роналдо потпишал нов договор со клубот за кој играше од 2003 до 2009 година.

Британските медиуми шпекулираат дека вредноста на трансферот на Роналдо од Јувентус во Јунајтед изнесува 15 милиони евра и може да порасне за дополнителни осум милиони евра зависно од бонусите.