Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо ги понуди своите услуги на Интер. Според „La Repubblica“, Португалецот преку своите застапници ги понудил своите услуги не само на Рома, туку и на Интер.
„Нероаѕурите“ го одбија 37-годишниот Португалец, бидејќи не се подготвени да му платат околу 20 милиони евра годишно што ги добива во Јунајтед.
На одлуката на Интер влијаеше и претстојното враќање во клубот на Ромелу Лукаку.
Сега италијанскиот клуб има цел да потпише договор со уште еден поранешен напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала.
Минатата сезона Роналдо постигна 24 гоÐ �а и оствари три асистенции на 39 натпревари за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања.