Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо ќе добие бонус од околу милион евра по неговиот хет-трик на натпреварот против Норич (3:1) во 33. коло од Премиер лигата, објави „The Sun“.
Според британскиот весник, Португалецот ја активирал бонусната клаузула во договорот откако постигнал 21 гол во сезоната. Договорот на играчот вклучува бонус од 905.000 евра за постигнување 20 гола и уште 120.000 евра за хет-трик.
За секој нареден гол оваа сезона Роналдо ќе добива по 120.000 евра.
Роналдо по 60-ти пат во кариерата постигна три или повеќе гола на еден натпревар. Педесет од нив се во клупска кариера, уште десет во репрезентативната.