Британскиот новинар Пирс Морган изјави дека разговарал со напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо по објавувањето на скандалозно интервју, пишува „Сан“.
Новинарот рече дека размениле пораки. Роналдо го известил дека воопшто не е загрижен поради големиот број негативни реакции упатени на негова адреса.
– Се е во ред, му напишал во порака Роналдо на Морган.
На 18 ноември се дозна дека Манчестер јунајтед го започна процесот на раскинување на договорот со Роналдо без исплата на отштета по скандалозното интервју на напаѓачот со Пирс Морган, во кое играчот го критикуваше главниот тренер Ерик тен Хаг.
Исто така, управата не сака Португалецот да се врати во клубот по Светското првенство во Катар во 2022 година.