Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо летото одбил понуда од клубот од Саудиска Арабија, објави „Мирор“.

Според британскиот весник, неименуван клуб бил подготвен да му плаќа на 37-годишниот Португалец 240 милиони евра годишно.

Се остава простор, напаѓачот да ја преиспита својата одлука и да ја прифати понудата претстојната зима.

Роналдо оваа сезона има шест настапи во Премиер лигата без да постигне гол.

Има и една средба во Лига Европа.