Неколку западни земји, вклучително и Велика Британија и САД го повикаа Интерпол да ја суспендира Русија од меѓународната организација, изјави британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.
Велика Британија, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд побараа „итно суспендирање на пристапот на Русија до нејзините системи“, објави Пател на Твитер. Групацијата побара од извршниот комитет на Интерпол да донесе одлука оваа недела.
„Постапките на Русија се директна закана за безбедноста на поединци и за меѓународната соработка за спроведување на законот“, додаде Пател.
Иако Пател не ја прецизираше причината за барањето, западните сојузници се обидуваат дипломатски и економски да ја изолираат Москва поради нејзината инвазија на источноевропскиот сосед Украина.