Законот беше неопходен и потребен итно поради невидената, тоа не е ни кампања, туку информативна војна што е покрената против нашата земја“, изјави портпаролот на руската влада Дмитриј Песков, во одбрана на новиот закон со кој луѓето би можеле да добијат затвор до 15 години за објавување „лажни вести“ за руската војска.
Со усвоениот закон се запира независното известување во Русија, каде што на новинарите не им е дозволено она што се случува во Украина да го нарекуваат „војна“, пренесува Би-Би-Си.
Би-Би-Си, Си-Би-Ес Њуз и Еј-Би-Си Њуз привремено ја прекинаа својата работа во земјата како одговор на донесениот закон.
Русија вчера усвои закон со кој се воведува кривична одговорност за ширење на лажни информации во врска со вооружените сили (ВС) на Руската Федерација.
„Свесното ширење на лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација под маската на веродостојни пораки се казнува со парична казна од 700.000 до 1,5 милиони рубљи или со казна затвор до три години“, се предвидува со новиот закон. (една рубља=0,0083 евра)
За ширење фалсификат користејќи службена положба, од група лица или група лица со вештачко создавање докази на обвинителството, казната ќе биде од пет до 10 години затвор. Доколку намерно лажните информации предизвикале тешки последици, се предвидува казна затвор од 10 до 15 години.
Законот предвидува воведување одговорност за јавните повици за спречување на употребата на вооружените сили на РФ. Доколку овие дејствија не содржат кривично казниво дело, тогаш казната за граѓаните ќе биде од 30 илјади до 50 илјади рубли, за службениците – од 100 илјади до 200 илјади рубли, за правните лица – од 300 илјади до 500 илјади рубли.
Ако дејствијата насочени кон дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација се придружени со повици за незаконски дејствија и создаваат закана за штета по животот и (или) здравјето на граѓаните и јавната безбедност, тогаш е глоба од 50 илјади до 100 илјади рубли за граѓани, за службеници од 200 илјади до 300 илјади рубли, за правни лица – од 500 илјади до еден милион рубли. Доколку делото повторно се изврши во рок од една година, тогаш ќе се побара кривична одговорност.