– Постигнавме договор со Американците за заедничка мисија на Венера… Заедно полесно ќе ги надминеме предизвиците, економски и технички. Ваквите проблеми полесно се решаваат со користење на знаењата на нашите научници, додаде Рогозин, не прецизирајќи кога би можела да почне мисијата.

Најблиската планета до нас, Венера по големина е слична на Земјата, но нејзината површина е обвиткана со дебели облаци и поради огромниот ефект на стаклена градина, нејзината површина е неколку стотици Целзиусови степени повисока од оваа на нашата планета.

Русија првпат најави мисија на Венера лани, со првични датуми на лансирање летало меѓу 2027. и 2029 година. Неодамна, и Обединетите Арапски Емирати објавија намери да ја истражат оваа „сестринска планета“.