Размената на 84 воени заробеници меѓу Русија и Украина е реализирана со посредство на Обединетите Арапски Емирати
Русија и Украина денеска спроведоа размена на 84 воени заробеници, при што од двете страни беа ослободени по 84 лица. Процесот на размена се реализираше со посредство на Обединетите Арапски Емирати, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Во моментов, рускиот воен персонал се наоѓа на територијата на Република Белорусија. Каде што добива потребна психолошка и медицинска помош“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм и пренесено од руските медиуми.
По пристигнувањето во Русија, учесниците во оваа размена ќе бидат подложени на рехабилитација. и на лекување во воено-медицински установи, се додава во соопштението.