Русија и Украина ја спроведоа четвртата размена на затвореници, изјави заменик-премиерката на Украина, Ирина Верешчук.
„Денеска се случи уште една, четврта размена на затвореници по наредба на украинскиот претседател Володимир] Зеленски“, напиша таа на Телеграм.
„Ослободени се петмина офицери и 17 војници, како и осум цивили, меѓу кои и една жена. Вкупно 30 наши граѓани денеска си одат дома“, рече таа.
Детали за тоа колку руски затвореници се ослободени во размената не биле веднаш достапни, а Русија допрва треба да ја потврди размената.