Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина, јавија светските агенции.
– Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
– Во Украина не консултации, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од голем број земји не е само опасен потег, тоа е акција што ги претвора соодветните конвои во легитимни цели, изјави Рјабков.
Во исто време Си-Ен-Ен, повикувајќи се на РИА Новости, јави дека Рјабков рекол оти Русија е подготвена повторно да соработува со САД за безбедносни прашања и Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ).
– Ако Американците се подготвени за ова, ние, се разбира, ќе можеме да го продолжиме дијалогот и сме решени да го сториме тоа, како и да работиме на СТАРТ, каде што има и одредена пауза, рекол Рјабков.
– Се зависи од Вашингтон, додал тој