Кремљ објави дека и предложиле преговори на Украина во белорускиот главен град Минск, но нагласи и дека Украина во моментов не дава одговор, откако побарале средба во Варшава.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека дошло до прекин во комуникацијата, бидејќи Украинците направиле „долга пауза“. За време на споменатата пауза, украинските националисти, вели тој, распоредиле ракетни системи во станбените области на големите градови.

Песков не доставил докази за да го поткрепи тоа тврдење, но смета дека тоа е многу опасен развој на настаните.

Украинските власти се уште не ја коментираат изјавата на портпаролот на Кремљ.

Претходно во текот на денот Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати делегација во белорускиот главен град Минск на разговори со претставници на Украина.Песков изјави за руските новински агенции дека Русија е подготвена да испрати делегација во која ќе има претставници на Министерството за надворешни работи и за одбрана.

Минск и` дозволил на Русија да ја користи белоруската територија за да ја нападне Украина.

Кремљ систематски одбиваше разговори со Украина и покрај постојаните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред да започне инвазијата.Украинскиот претседател неколку часа пред почетокот на руската инвазија изјави дека залудно се обидувал да стапи во контакт со Путин, објави Индекс.