Русија денеска потврди дека во блиска иднина на Белорусија ќе и испорача најново оружје и воена опрема, соопшти белоруската новинска агенција Белта.
Државната белоруска новинска агенција објави дека тоа е дел договорот постигнат на денешната средба во Москва меѓу лидерите на Русија и Белорусија.
Белта, исто така, информира дека рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко на состанокот во Кремљ се договориле за заеднички чекори за меѓусебна поддршка во справувањето со западните санкции, вклучително и цените на енергенсите.